Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига во Република Македонија

Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига во Република Македонија

Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига во Република Македонија

Факултетот за информатика при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, на 23.02.2019 година ќе го организира првиот државен натпревар за FIRST® LEGO® лига во Република Македонија, за деца од 9 до 16 години.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет – оваа година учествуваат околу 40,000 тимови од 98 земји. Факултетот лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Завод Супер Главче од Словенија, кој е одговорен за овој регион (Адриа), а победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.

FIRST® LEGO® лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми. Оваа година темата на проектот е ВО ОРБИТАТА и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение.

Дополнително, тимовите мора да дизајнираат, изградат и испрограмираат робот со користење на LEGO MINDSTORMS технологијата, а потоа се натпреваруваат со другите тимови во исполнување на мисии. Оваа лига ги унапредува и развива креативноста, љубопитноста, претприемничкото учење, критичкото размислување и тимската работа.

Create Account



Log In Your Account