FLL 2018 INTO ORBIT

Истражувајте го животот и патувањето низ вселената!

Соберете го вашиот екипаж и подготвувате се да истражувате, да бидете предизвикани и иновативни во огромниот и инспиративен простор што го нарекуваме вселена!

FIRST® LEGO® 2018/2019 сезоната бара од вас да работите заедно, за да ги надминете вашите земни ограничувања. Дали го имате она што е потребно за да влезете во ОРБИТАТА?

FLL програмата ги предизвикува децата на возраст од 9 до 16 години да размислуваат како научници и инженери. Во текот на INTO ORBIT сезоната 2018/2019, тимовите ќе изберат и решаваат реален проблем како нивни Проект. Тие исто така ќе градат, тестираат и програмираат автономен робот со користење на LEGO® MINDSTORMS технологијата со помош на кој ќе исполнуваат серија мисии во Играта со робот. Притоа, тимовите ќе ги користат Основните вредности кои го слават откривањето, тимската работа и достоинствениот професионализам.

За водачи на тимот – КЛИК ОВДЕ

Create Account



Log In Your Account