ШТО Е FLL?

Програма, со која ги поместуваме границите во нашето образование!!!

FIRST® LEGO® лига (FLL) е меѓународна, мултидисциплинарнa образовнo- истражувачка програма чија цел е да се мотивираат децата и младите да се приближат до науката и да се обидат да решаваат проблеми. Таа ги унапредува љубопитноста, креативноста, иновациите, учи за претприемништво, соработка, споделување, наведува на критичко размислување и ја нагласува тимската работа – вештини кои сигурно ќе им бидат потребни во нивните животи и кариери.

Експертски тим на FLL секоја година избира нова тема што претставува глобален предизвик. Водени  од возрасни тренери, FLL тимовите истражуваат реални и глобални проблеми како безбедност на храна, рециклирање, енергија, и сл., и се предизвикани да развијат решение. Исто така, мора да дизајнираат, изградат и програмираат робот со користење на LEGO MINDSTORMS® технологијата, а потоа и да се натпреваруваат на поставено поле.

Додека учат како да применуваат наука, технологија, инженерство и математика (STEM), тие се забавуваат и дружат, и со помош на нивната имагинација, решаваат проблем. Притоа, се учат да размислуваат критички и “надвор од кутија”, да работат во тим, а се стекнуваат и со вештини за презентација, бидејќи нивните решенија се презентираат пред неколку судии. За целото време се учат да ги применуваат основните вредности на FLL програмата.

Програмата FLL е прифатена од 98 земји низ целиот свет, а од оваа година, е присутна и во Република Македонија.

Create Account



Log In Your Account