ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО?

  • LEGO Mindstorms комплет (EV3, NXT или RCX) -ќе се користат во училниците (не се вклучени)
  • Преносен компјутер
  • Пристап до Интернет
  • Актуелен FLL сет кој се испраќа по пошта (во составот на сетот има подлога, лего коцки за работење на мисиите и линк до дигитални упатства за составување) – вклучен во котизацијата
  • Упатство за изработка на ПРОЕКТОТ, упатства за поставување на подлогата и мисиите, правила за ИГРАТА СО РОБОТ – вклучено во котизацијата
  • Прирачник за водачите на тимовите (секоја година е нов) во дигитален формат –вклучен во котизацијата
  • Простор за состанок на тимот, доволно голема маса за FLL, за вежбање на мисиите од Играта со робот.

     

    На сите настани на FLL програмата пристапот е овозможен само за регистрираните екипи.

    За учество во Програмата FLL можете да користите и комерцијални (т.н. домашни) сетови RCX, NXT и EV3, но се препорачува да се користат LEGO education производи и сетови, бидејќи тие се наменети за настава во училиштата и факултетите.

    За да се обезбедат истите услови за сите екипи ширум светот, материјалот кој се користи на сите Турнири е ист за сите. Тој се менува секоја година години и тимовите добиваат нови Лего елементи.

Create Account



Log In Your Account