Успех на двете македонски екипи на финалето Адриа во Словенија

Успех на двете македонски екипи на финалето Адриа во Словенија

Успех на двете македонски екипи на финалето Адриа во Словенија

На финалето Адриа од FLL лигата, што се одржа во сабота, 16.02.2019 во Целје, Словенија, учествуваа 30 екипи од Словенија, Србија, Хрватска и Македонија и беа доделени 13 пехари.

Македонските тимови освоија 2 од пехарите и тоа:
RoboAdventures од ОУ “Св. Кирил и Методиј” од Кочани, водени од тренерите Сузана Анева и Наде Давиткова, го освоија пехарот “Успеавме” како тим кој има и сподели специјална приказна и за кој може да се примени реченицата: “И покрај тешкотиите, ако не се предаваме, можеме да ги надминеме и големите предизвици!”.

Space Walkers од СТЕМ Академијата од Скопје, водени од тренерите Александра Митревска, Васко Ашкапов и Ангела Зафировска, го освоија пехарот “Нај фаци”.

Резултатите од големото финале можете да ги погледнете на линкот  РЕЗУЛТАТИ финале Адриа од FLL лигата.

Create Account



Log In Your Account