„Space Walkers“ шампиони од првиот државен натпревар од FIRST® LEGO® лигата

„Space Walkers“ шампиони од првиот државен натпревар од FIRST® LEGO® лигата

„Space Walkers“ шампиони од првиот државен натпревар од FIRST® LEGO® лигата

Денес, Факултетот за информатика при УГД – Штип беше домаќин на Првиот државен натпревар од FIRST LEGO лигата на Република Македонија, за деца од 9 до 16 години. 
Десет тима се натпреваруваа во четири рамноправни категории: роботска игра, роботски дизајн, проект и основни вредности.

Навистина имавме прекрасен ден, исполнет со детска смеа, навивање, демонстрирање на знаења и другарство, во кој уживаа и децата и возрасните.

Резултатите се следни:

Шампион
Space Walkers од СТЕМ академија Скопје

2. место вкупно во сите категории, како и Награда за роботска игра
ROBO Adventures, ОУ “Св. Кирил и Методиј”, Кочани

Награда за проект
RoboNK, СОУ “Никола Карев”, Струмица

Награда за роботски дизајн
The MakBot Pioneers, СОУ “Ѓошо Викентиев”, Кочани

Награда за основни вредности
Transformers, ОУ “Ванчо Прќе”, Штип

Првите две екипи во вкупниот пласман ќе ја преставуваат нашата држава на регионалниот натпревар во Целје, Словенија на 16 март 2019 година.

Голема благодарност до Министерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Дамјан Манчевски, до Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Г-дин Јован Деспотовски и до Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, кои издвоија дел од своето време за да присуствуваат и да го поздрават овој убавн настан. Голема благодарност и до Завод Супер Главче од Словенија, наш примарен партнер, чија помош беше непроценлива.

Благодарност до водителот Влатко Миленковски кој најпрофесионално си ја заврши работата, до оценувачите и судиите кои се забавуваа заедно со децата, како и до нашите студенти во улога на волонтери. 

Најголем дел од сликите се добиени благодарение на проф. д-р Зоран Здравев и Александар Максимов.

 

 

ФОТОГАЛЕРИЈА од прогласувањето на победниците

 

Create Account



Log In Your Account